Лидерот на военото крило на Хамас, Ахмед Џабари е убиен во израелски воздушен напад

Од:

Израел и Хамас ја потврдија информацијата – Ахмед Џабари, лидер на военото крило на Хамас убиен е во израелски воздушен напад, пренесува RT. Нападот е спроведен како дел од израелската воена кампања, која беше покрената, според нивните зборови, против “терористички цели” во областа на Појасот Газа.

Според најновите информации Џабари се наоѓал во неговиот автомобил во областа на градот Газа, кога е погоден од израелските воздушни сили. Информацијата ја потврдуваат сведоци за АП. Израелскиот IDF го потврди нападот истакнувајќи дека Џабари бил првата цел на сеопфатната кампања. Џабари е највисоко рангиран убиен официјален претставник на Хамас, уште од 2009 година, кога Израел започна копнена офанзива врз Газа.

“Целта на оваа операција е значително да се уништи командниот и контролниот синџир на водството на Хамас како и нивната терористичка инфраструктура. Ова беше хируршки прецизна операција спроведена заедно со Израелската агенција за безбедност”, се вели во официјалното соопштение од израелскиот IDF.

Кратко време по нападот доаѓа и реакцијата на Хамас, нагласувајќи дека со ова убиство “, се отвори вратата на пеколот” и наведуваат дека ќе продолжат да пружаат отпор. Од своја страна пак IDF најавуваат нови судири и нагласуваат дека “сите опции се на маса”, вклучувајќи и потенцијална копнена инвазија во Газа.

Според палестински извори денес се случиле неколку напади од страна на Израел врз појасот Газа, болницата Ал Шифа во Газа, истакнува дека меѓу жртвите има и деца, пренесува RT.

Ахмед ал-Џабари, роден во 1960 година, беше истакнат член на вооруженото крило на Хамас, а исто така бешее влијателен и во политичкото раководство. Роден е во градот Газа каде што дипломирал историја на универзитетот. Во 1982 тој беше фатен и затворен на 13 години од страна на Израел поради активности во секуларната милитантна фракција Фатах. За време на неговиот престој во затвор, го напушта Фатах и се приклучува на Хамас откако се запозна со некои претставници и основачи на движењето кои исто така беа затворени. Се истакна во 2000 година за време на втората интифада (вооруженото востание на палестинците). 2004 е убиен неговиот син, брат и неколку други членови на семејството во израелски воздушен напад врз неговиот дом, каде што тој очигледно беше целта.

2007 игра значајна улога во преземањето на Хамас на контролата врз Газа од Фатах. Џабари исто така директно го надгледуваше фаќањето и затворањето на израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше заробен во 2006. Во октомври минатата година, Шалит беше вратен на Израел во замена за дури 1027 палестински затвореници, Џабари тогаш лично го придружуваше Шалит до граничниот премин Рафа на египетската граница.

Убиството на Ахмед Џабари сигурно е значителна загуба за Хамас, начинот на неговата егзекуција – покрај “хируршкото и прецизно” гаѓање – е за секоја осуда, но од претходните израелски воени агресии на појасот Газа, речиси е сигурно дека таа осуда и овој пат ќе изостане.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан