Лидерот на венецуелската опозиција Антонио Ледезма, кој беше во куќен притвор од 2015 година поради наводно планирање државен удар, вчера избегал преку границата во Колумбија, по што со авион заминал за Шпанија.
Со наближувањето на претседателските избори во 2018 година, повеќе венецуелски високи опозициски претставници во моментов се во егзил, притвор или им е забрането да вршат јавни функции.