Лидерот на тајландските „Црвени кошули“ осуден на две години затвор

Од:

Суд во Бангкок го прогласи лидерот на тајландското движење „Црвени кошули“, Јатупорн Промпан за виновен поради клевета и навреда на поранешниот премиер од крилото на ројалистите Абхисит Веџајива и му изрече казна од две години затвор.

Говорот поради кој е осуден, Промпан го одржал во 2009 година, а донесувањето на пресудата пет и пол години подоцна аналитичарите го оценуваат и како своевидна порака на сегашниот воен режим до поддржувачите на последната премиерка на Тајланд Јинглук Шинаватра.

Сменетата премиерка Шинаватра во минатонеделениот процес за импичмент беше прогласена за виновна поради небрижност во спроведување на државната политика за субвенции и таа пет години ќе нема право да се занимава со активна политика.

Воената управа, која је презеде власта со државниот удар од мај минатата година, со овој судски процес сака да ги замолчи поддржувачите на Шинаватра и до евентуалните избори, што се најавуваат за октомври идната година, да ја ослабне позицијата на политичките кругови што стојат зад Јинглук Шинаватра и да обезбедат победа на ројалистите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач