Лидерот на сепаратистите во Луганск поднесе оставка

Од:

Лидерот на самопрогласената „Луганска Народна Република“ во источна Украина Валериј Болотов соопшти дека поднесува оставка.

– Одлучив привремено да се откажам од позицијата. Бев ранет и тоа не ми дозволува сите мои сили да ги вложам за доброто на жителите на Луганск во ова сложено воено време, изјави Болотов.

Според него, како што јави ИТАР-ТАСС, состојбата во Луганск во моментов е мошне сложена, бидејќи властите во Киев во градот префрлиле многу војска и големо количество оружје.

– Тие намерно ја уништуваат нашата инфраструктура. Ние сме на граница на хуманитарна катастрофа, рече Болотов.

Болотов е вториот сепаратистички лидер, кој поднесува оставка во изминатите седум дена, откако на 7 август тоа го стори и лидерот на проруските сепаратисти во соседниот Доњецки регион, Александар Бородај.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци