Венецуелските власти му забранија на водечкиот опозициски лидер Енрике Каприлес да се занимава со политика во следните 15 години.
Државната контролна агенција соопшти дека Каприлес е казнет со „дисквалификување од занимавањето со јавна служа во период од 15 години“. Во образложениот на одлуката се наведува дека таа е донесена поради „административни неправилности“ кои Каприлес ги сторил додека бил гувернер на државата Миранда.
Каприлес, од своја страна, одговори дека одлуката на власта е „почеток на распаѓањето на диктатурата“. Тој ги повика неговите приврзаници да излезат на улиците и им порача дека „ова не е негова борба, туку на народот на Венецуела“.