Лидерот на камбоџиската опозиција Сам Рамси денеска изјави дека наскоро ќе положи заклетва како пратеник во Парламентот. Со овој чин и фактички ќе прекине политичката криза во Кабоџа, која започна во септември минатата година од кога Националната Партија за Спас, на чие чело е Рамси, ја бојкотира работата на Парламентот.
На последните избори во Камбоџа, во јули минатата година, партијата на сегашниот премиер Хун Сен освои 65, а опозицијата 58 седишта во Парламентот. Сам Рамси го обвини Хун Сен за лажирање на изборните резултати и се до сега одбиваше да учествува во работата на камбоџанскиот парламент.