Лидерот на Хезболах со предупредување до Израел од можни последици на почнување војна

Од:

Лидерот на радикалното либанско шиитско движење Хезболах, ја обвини денеска владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го насочува регионот кон војна во Сирија, Либан и Појасот Газа и предупреди дека луѓето во Израел нема да бидат заштитени ако почне конфликт.

Во говор Хасан Насрала рече дека Владата на Израел нема „правилна анализа“ до каде би одела таква војна ако ја почнат.

Тој ги повика евреите кои емигрирале во Израел да се вратат во државите од каде дошле за да не настрадаат во војната што ќе ја почне „идиотската влада на Нетанјаху“.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Хамас: Нема да ги преместиме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел