Лидерот на глвната опозициска партија во Франција поднесува оставка на 15 јуни

Од:

Лидерот на главната опозициска партија во Франција, десно -ориентираната Унија за народно движење Жан-Франсоа Копе, објави дека поднесува оставка на 15 јуни.

Одлуката е објавена на средба на раководството на Унијата за народно движење.

Ривалите на Копе во партијата, водени од поранешниот премиер Франсоа Фијон, бараат негова оставка по лошите резултати на изборите за Европарламентот во неделата.

Пред гласањето на 25 мај Унијата за народно движње и крајнодесничарскиот Национален фронт имаа исти позиции, но СНД заврши со само 20 места, а Националниот фронт со 24 места.

Вчера, исто така, беа објавени и скандалозни откритија за надминување од 10 милиони евра на трошоците преку лажни фактури на име на Унијата за народно движење во рамките на кампањата за претседателските избори во 2012 година.

Тројцата поранешни премиери Ален Жупе, Жан-Пјер Рафарен и Франсоа Фијон заедно ќе раководат со СНД до вонредниот конгрес на есен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм