Лидерот на ФАРК предложи новосоздадената партија на движењето да биде именувана „Нова Колумбија“

Од:

Лидерот на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) Родриго Лондоно Ечевери, предложи, откако движењето одлучи да се „збогува“ со вооружената борба и да создаде партија, новосоздадената партија да биде наречена „Нова Колумбија“.

По 50-годишниот бунт, ФАРК во понеделникот започна конгрес во Богота каде официјално ќе биде договорено формирањето на новата политичка сила.

За името на новата партија, други варијанти кои се разгледуваат се „Надежта на народот“ и „Нова партија“, или пак партијата да го зачува називот на движењето.

Конгресот ќе трае до четврток, а в петок, претставниците на ФАРК официјално ќе соопштат дека создале нова политичка сила и како ќе биде именувана.

Владата на Колумбија и ФАРК на 24 ноември минатата година, потпишаа историски мировен договор, со што официјално се стави крај на полувековниот вооружен конфликт.

На конгресот, претставниците на ФАРК ќе ги определат и своите кандидати за парламентарните избори во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он