Лидерот на Ал Каеда се закани на САД со уште илјадници напади како оние од 9/11

Од:

Лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахири им се закани на САД дека нападите од 11 септември 2001 година ќе се повторат уште илјади пати.

Во видео, објавено на џихадистички сајт, а непосредно пред 15-годишнината од крвавите напади во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија, Завахири вели: „11 септември е резултат на вашите злосторства против нас”.

– Ако злосторствата продолжат, 11 септември ќе се повтори илјада пати”, се закани Завахири.
Тој ја осуди американската „окупација” на земји во арапски и муслимански држави и поддршката на САД за „криминални и коруптивни влади”.

Водачот на Ал Каеда ги повика џихадисти да се обединат и Афроамериканците да го прифатат исламот, за да се „заштитат од американските закони, контролирани од белото мнозинство”.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски