Водачот на терористичката мрежа Ал Каеда Ајман ал Завахири даде заклетва за верност пред новиот водач на талибанското движење во Авганистан, мула Ахтар Мансур.
– Положуваме заклетва за верност кон нашиот лидер, водачот на правоверните, мула Ахтар Мансур. Бог да го штити, изјави Завахири, се наведува во аудио порака објавена на интернет.
Се претпоставува дека Завахири се крие во регион во близина на авганистанско-пакистанската граница, што важи за упориште на талибанците.