Лидерот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров Насер ал Вахиши вети денеска дека ќе ги ослободи од затвор сите членови на организацијата.
Во пораката, насловена како „Писмо до заробениците на тираните, кои се во затворите“, лидерот на јеменскиот огранок на Ал Каеда изјави дека „задржувањето на затворениците нема да трае долго и оти ланците ќе бидат искинати“.
– Вашите браќа ги уриваат засолништата и троновите на злото и победата е само на чекор од нас, додаде Вахиши.
Ал Каеда на Арапскиот Полуостров САД ја сметаат за најактивен огранок на терористичката организација.