Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал-Завахири во аудио порака објавена на интернет му се заколна на верност на новиот водач на авганистанските талибанци, кој минатиот месец е поставен на чело на талибанското движење, откако неговиот претходник е убиен во американски напад со беспилотно летало.
– Како лидер на џихадистичката организација Ал Каеда уште еднаш се колнам на верност и согласно пристапот на Осама ги повикувам муслиманите да го поддржат Исламскиот Емират, изјавил Ал-Завихири на 14-минутната снимка.
Автентичноста на снимката засега не е можно да се провери.
Ал-Завахири му се заколна на верност на Хаибатулах Ахунџади, кој беше еден од замениците на поранешниот талибански лидер Мула Ахтар Мансур, а именуван е за водач на движењето неколку дена откако Мансур беше убиен во американски напад со беспилотно летало во Пакистан.