Лидерот на Ал Каеда ги повика џихадистичките групи во Сирија да се обединат

Од:

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири ги повика џихадистичките групи во Сирија да се обединат, за да спречат во Дамас да дојде влада, која ќе биде вазал на САД.

Завахири оваа порака ја испрати преку аудиоснимка, објвена вчера на Интернет.

– Обединете се, договорете се и преземете ги сите мерки за да не ви снема оружје и не се разединувајте се додека во Сирија не воспоставите една исламистичка држава, која работи за обновување на калифатот, нагласи Ал Завахири.

– САД и нивните сојузници и следбеници сакаат да ја жртвуваат вашата крв за да го урнат криминалниот алавитски режим на Башар ал Асад и да воспостават влада, која ќе биде нивни вазал и која ќе ја брани безбедноста на Израел, предупреди лидерот на терористичката организација.

– Вашата света војна ни ја враќа надежта, дека ќе ја вратиме Палестина, по 65 години, откако ни беше одземена. Со тоа ќе се борите за воспоставување на исламскиот калифат, кој ќе продолжи со давање жртви се додека не се развиори исламското знаме во Ерусалим, истакна Ал Завахири во пораката насловена како „Шеесет и пет години по создавањето на израелската држава“.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски