Лидерка на ЕТА уапсена во Франција

Од:

Француската полиција уапси жена за која се претпоставува дека е една од трите лидери на баскиската теористичка организација ЕТА.

Информацијата за нејзиното апсење ја потврди даде шпанскиот министер за внатрешни работи. Според соопштението Изаскун Лесака била уапсена од специјалните полициски сили на Франција во градот Макон на околу 70 километри северно од Лион, заедно со уште едно друго лице, двата биле вооружени.

Оваа акција на француската полиција, која долго време соработува со шпанската полиција во борбата против ЕТА и нанесува нов тежок удар на баскиската организација, која пред една година, на 20 октомври 2011 најави дека и става конечно крај на насилството по 40 години на вооружена борба за независност на Баскија и Навар.

Според шпанското Минисртерство за внатрешни работи Лесака е една од „трите главни раководители“ на ЕТА во моментов. Идентитетот на второто упасено лице не беше соопштено, но според шпанските медиуми се разбото за Хозеба Итурбе Отксотека.

Шпанскиот дневен весник „Ел Мундо“ објави дека Лесака е шеф на военото крило на ЕТА. Таа вообичаено се криела во хотеи во Франција или во соби кај жители во села. Таа е во бегство од 2005 година и според претпоставките, таа е еден шефовите на ЕТА кои го најавија крајот на вооружена борба.
Покрај бројните апсења на нејзини членови, од кои само десетина активни членови се на слобода, ЕТА се уште одбива да се распушти и да го положи оружјето, како што бараат Франција и Шпанија. Намалената сила на ЕТА доведе до отворање на патот и политичкиот пробив на левицата која исто така бара независност во Ббаскија, која се најде на второто место на последните регионални избори.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски