Лидерите на талибанците добиваат засолниште во Пакистан, призна Исламабад

Од:

Висок претставник на Пакистан првпат јавно призна дека земјата им пружа засолниште на лидерите на авганистанските талибанци, со што на Исламабад му се дозволува да влијае врз исламистичките бунтовници да учествуваат во преговорите.

Изјавата на советникот за надворешни работи Сартаџ Азиз уследи по години демантирање дека Исламабад ги поддржува талибанците и во моментот кога се прават напори за обновување на дијалогот меѓу Кабул и исламистичките бунтовници.

– Имаме влијание врз нив, бидејќи лидерите им се во Пакистан, таму се лекуваат, таму им се семејствата. Затоа можеме да извршиме притисок и да им кажеме да се вратат на преговарачката маса, истакна Азиз пред Советот за надворешни односи во Вашингтон.
Пакистан е директен посредник за организирање на директен дијалог меѓу Владата на Авганистан и талибанците. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица