Лидерите на тајландската опозиција порачаа трпеливо да се чека враќањето на демократијата

Од:

Лидерот на тајландската опозиција Таксин Шинаватра, кој со воен удар беше сменет од власта во 2006 година, им порача на припадниците на „црвените кошули’’ со смиреност и без паника да го чекаат крајот на воената управа во државата и да очекуваат победа на изборите, сеедно кога тие ќе се организираат.

Таксин Шинаватра, брат на последната „цивилна“ премиерка Јинглук, сменета со воениот удар лани, по соборувањето отиде во егзил, но тој и натаму е лидер на продемократските антиројалистички сили во Тајланд.

Веднаш по објавувањето на пораката на Шинаватра, со изјава за патот на Тајланд кон обнова на демократијата се јави и сегашниот премиер, водачот на воениот удар, генералот Прајут Кан-ока.

Прајут повтори дека армијата ја презела контролата на државата за да се запрат, најчесто крвавите, судири меѓу политичките неистомисленици во Тајланд. Според него, дури и во оваа ситуација на Тајланд не му недостасува деократски живот, но повтори дека политичките партии ќе имаат ембарго за активности се додека не се изгласа новиот Устав и не се објават избори.

Без обичаените жестоки напади на поддржувачите на кланот Шинаватра и нивната Пеу Таи коалиција, генералот Прајут Кан-ока најави дека изборите ќе се одржат до 2017 година и дека се надева оти гласачите нема да се определуваат за популистички ветувања, туку за политичари кои ќе го водат Тајланд кон благосостојба.

Смирените тонови на актуелниот премиер Прајут аналитичарите најмногу ги доведуваат во врска со патувањето на премиерот во Њујорк. Тајландската делегација во рамките на Генералното заседание на ОН неделава ќе побара избор на Тајланд за привремен член на Советот за безбедност на ОН.

На маргините на собирот Прајут ќе има средби со повеќе светски лидери од кои ќе бара јавна поддршка за „мерките за стабилизација на мирот и редот’’ што ги спроведува воената хунта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач