Лидерите на протетсите во Хонг Конг ќе отпатуваат за Пекинг

Од:

Лидерите на продемократските протести во Хонг Конг соопштија дека в сабота ќе тргнат за Пекинг каде на кинеските власти ќе им ги изложат своите барања за политички реформи.

Демонстрантите предводени од Сојузот на студенти на Хонг Конг повеќе од еден месец под блокада држеа неколку крстосници во градот барајќи целосно слободни избори за нов лидер на Хонг Конг.

Разговорите меѓу студентите и властите не дадоа резултати и нивните претставнци планираат да отпатуваат во Пекинг со цел да ја заобиколат локалната администрација.

– Сојузот ќе оди за Пекинг како последен излез и не го оспорува авторитетот на Пекинг, ниту го нарушува (принципот) една држава, два система, се посочува во соопштението од Сојузот на студенти на Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски