Лидерите на ЕУ сложни дека Кина е ривал, но не сака систематски судир

Од:

Вториот ден од самитот на ЕУ беше посветен на односите со Кина, која се смета за системски ривал на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефовите на држави и влади на ЕУ одржаа дебата денеска за Кина и односите со ЕУ, неколку дена само по завршувањето на Конгресот на комунистичката партија на Кина.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, изјави дека не треба да се биде “наивен“ во однос на Кина, но и дека не треба да се биде во систематска конфронтација. Овие заклучоци се дел од долгогодишните обиди на Европската Унија да изгради “стратешка независност“ во однос на големите сили во светот, во областа на енергијата, одбраната и технологијата. Сето тоа во тесна соработка со НАТО.

За ЕУ е јасно дека ривалитетот со Кина е пред сѐ од технолошка природа и истакна дека е важно да се осамостои од Пекинг во корист на “партнери од поголема доверба“.

Европската Унија сака да биде независна од Кина, повторија челниците на ЕУ на денешната прес конференција, каде претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека тензиите со Пекинг “забрзано растат“, како што покажал Конгресот на комунистичката партија, смета таа.

ЕУ ја критикуваше и соработката помеѓу Кина и Русија и покрај војната во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа