Лидерите на ЕУ поделени околу можниот состанок меѓу Унијата и Путин

Од:

Премиерите на земјите членки на ЕУ се поделени околу тоа дали да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, предлог што вчера го изнесоа Германија и Франција, во пресрет на самитот на Унијата во Брисел, јави ДПА.

Прeдводејќи ги разговорите со нејзините 26 колеги, германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека Европската унија треба да најде начини за влегување во директен дијалог со Русија, тврдејќи дека „конфликтите најдобро можат да се решат … доколку меѓусебно се разговара“.

Другите земји, меѓутоа, се скептични кон пристапот и повикаа на внимателност.

-Ние не гледаме никаква радикална промена во моделот на однесување на Русија, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа. „Ако без никакви позитивни промени во однесувањето на Русија, почнеме да се ангажираме, тоа ќе испрати многу несигурни и лоши сигнали до нашите партнери, на пример, земјите од Усточно партнерство“, кажа Науседа.

„Ми се чини како да се обидуваме да ја ангажираме мечката да го чува безбеден делот со медот“, додаде Науседа.

ДПА пренесе дека холандскиот премиер Марк Руте изјави дека иако во принцип не е против директен ангажман со Русија, тој нема да присуствува на таков состанок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина