Лидерите на движењето „Окупирајте го центарот“ ќе и се предадат на полицијата

Од:

Тројцата основачи на продемократското движење „Окупирајте го центарот“ денеска ќе и се предадат на полицијата и ќе побараат од демонстрантите, кои се уште се на улиците, да си заминат.

– Предавањето не е чин на кукавичлук, туку е храброст да се делува согласно ветувањето. Тоа е тивка јавна осуда на нечувствителната Влада, истакна лидерот на движењето, Бени Таи, кој е професор по право на Универзитетот во Хонг Конг.

Тој ја пофали храброста на лидерите на протестите и упати критики кон полицијата, која ја загубила контролата, додавајќи дека е „време демонстрантите да го напуштат тоа опасно место“.

Изјавата на Таи доаѓа само неколку часа откако студентскиот лидер Џошуа Вонг ги повика приврзаниците на „Окупирајте го центарот“ да се прегрупираат во центарот на градот и да побараат поголема демократија.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше