Лидерот на Ал-Каеда, Ајман ал Завахири ги повика муслиманите во државите во кои што се одиграле револуции на т.н „арапска пролет“, да се обединат и формираат исламска држава и ја предупреди Франција дека интервенцијата во Мали ќе биде запрена.
-Ја предупредувам Франција, дека со Божја дозвола, дека Мали ќе ја доживеат истата судбина како Америка, Ирак и Авганистан-изјави тој во пораката од 103 минути која вчера беше поставена на сајтовите на екстремистите.
Завахири апелираше муслиманите да ги ослободат своите територии од репресивниот режим и странските војници, да воведат исламски закон и да го запрат крадењето на муслиманското богатство.
Елена Георгиевска