Либиските власти и бунтовниците објавија крај на нафтената криза во земјата

Од:

Раководителот на времената влада на Либија Абдулах ат Тани синоќа објави крај на нафтената криза во земјата, откако властите повратија контрола над две клучни нафтени пристаништа, кои речиси една година беа под контрола на бунтовниците во источна Либија.

Лидерот на бунтовниците Ибрахим ал Џадран објави дека ги ослободуваат терминалите во Рас Лануф и Сидра, од кои се врши извоз на половина од либиската сурова нафта. Двајцата одржаа заедничка прес конференција во Рас Лануф.

Целосното ослободување на нафтените терминали е во рамките на договорот постигнат на 6 април меѓу бунтовниците и властите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста