Либиски студент се соочува со доживотен затвор зашто протестирал против интервенција на НАТО

Од:

Либиски студент кој студирал во Велика Британија, се соочува со доживотен затвор во Либија затоа што учествувал во протест во Лондон, против бомбардирањето на либиската територија во 2011 година.

Моад ал Хинеш денеска е изведен пред судот во либискиот град Завија, обвинет за злосторства против државата. Тој е исто така обвинет и за наводни навреди на новата власт, како и за заведување на либиските граѓани, затоа што објавувал „лажни информации“ за состојбите во земјата.

Амнести Интернешенел го осуди судењето на студентот и побара од судот да ги отфрли сите обвинувања против Ал Хинеш. Оваа меѓународна организација за заштита на човековите права побара од властите во Триполи по итна постапка да ги измени своите закони, затоа што тие се против слободата на говорот и на изразувањето на личното мислење, како и на политичката определеност.

Претставник на Амнести Интеренешенел за Африка изјави дека Либија по смената на власта, донесе декларација за почитување на човековите права и слободи, но ги задржи сите „драконски закони“ кои се применуваа во времето кога Моамер Гадафи беше на власт и за што и ја покренаа „револуцијата“ за неговото сменување.

Обвинетиот студент им изјавил на претставниците на Амнести Интернешенел дека учествувал на протестот пред британскиот Парламент во Лондон, организиран од „антивиената коалиција“ во Велика Британија, на кој демонстрантите носеле транспаренти против меѓународната воена интервенција и бомбардирањето на Либија од силите на НАТО.

Некој направил фотографија на која се гледаат лицата на дел од демонстрантите и таа слика ја имаат сегашните власти, па кога се вратив во Триполи, во април минатата година, веднаш бев уапсен-изјавил за Амнести Интернешенел Моад ал Хинеш.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски