Либија се извини поради кукавичкиот акт

Од:

Либија се извини за убиството на американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и трпојца службеници во амбасадата на САД.

Либискиот премиер Абдурахим Ел Кеиб се извини на американскиот народ и влада, како и на остатокот од светот поради овој кукавички криминален акт, јави Си-Ен-Ен.
Ракетниот напад, беше извршен од страна на демонстранти во знак на протест против американски филм кои го сметаат за „богохулен“.Радикалниот исламистички напад врз американската амбасада во Бенгази траеше скоро четири часа.

Вооружени лица ја нападнаа американската амбасада во Бенгази и се судрија со либиските сили за безбедност. Американскиот амбасадор загина откако возилото со кое требал да биде префрлен на побезбедно место, било погодено од рачна бомба.

Со помош на либиските сили, Американците беа во можност да ги протераат исламистите, но не успеаја да го најдат амбасадорот Стивенс, кој бил превезуван во болница, каде што лекарите час и половина се обидуваа да го вратат во живот.

Неговото тело беше предадено на Американците на аеродромот, каде што беше префрлен во Германија. При нападот беа повредени вкупно 18 Американци, шест сериозно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија

Песков: Русија и САД имаат многу работа за решавање на украинската криза