Либерман рамнодушен за моделот на две држави

Од:

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман изјави дека не го интересира палестинската држава.

Неговата изјава уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп истакна дека го поддржува моделот на две држави за решавање на израелско-палестинскиот судир.

– Интересот на Израел е само безбедна израелска држава. Се друго помалу не интересира, посочи Либерман.

Трамп за време на вчерашната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на маргините на Генералното собрание на Обединети нации, изјави дека сака решение што предвидува две држави за израелско-палестинскиот судир. Тој наведе дека сака во следните два до три месеци да претстави мировен план.

– Ми се допаѓа решението за две држави. Мислам дека тоа е нешто што најдобро би функционирало… Тоа е моето чувство, посочи Трамп.

Тоа е најјасна поддршка од американската администрација за решавање на израелско-палестинското прашање.

Претходно, администрацијата на Трамп тврдеше дека ќе поддржи такво решение доколку со тоа се согласат двете страни.

Нетанјаху наведе дека каква било идна палестинска држава мора да биде демилитаризирана и мора да го признае Израел како држава на еврејскиот народ. Но, таквите услови за Палестинците се показател оти Израел не е искрено посветен на мирот.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци