Либерман: Порано или подоцна Израел ќе треба да ја укине власта на Хамас во Појасот Газа

Од:

Независно од одлуката на израелската Влада да го прифати договорот за примирје со Хамас, порано или подоцна Израел ќе треба да ја укине власта на Хамас во Појасот Газа, сооопшти денеска весникот „Џерусалем пост“, цитирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи Авигдор Либерман.

Тој тврди дека евентуалната копнена операција на израелската армија во Газа неминовно ќе доведе до повторна окупација на палестинската енклава. Но, овој приод едвај два месеца пред јануарските парламентарни избори би бил неправилен, посочува Либерман. – Окупацијата на Газа и соборувањето на Хамас од власта е процес што би одзел најмалку четири месеци, истакнува тој.

Најправилен приод на израелската Влада, според Либерман е прифаќањето на спогодбата за примирје, иако мнозинството Израелци се против тоа.

– Во крајна линија, Израел постигна три основни цели: ракетните напади врз јужните региони на земјата прекинаа, армијата докажа дека располага со можности да се спротивстави на таквите агресивни дејствија и уништени се складови со ракети од типот „Фаџер-5“, што можат да стигнат до цели во реонот на Тел Авив и Ерусалим, истакнува израелскиот министер за надворешни работи.

Според резултатите од истражувањето на јавното мнение во Израел, коментирани од денешните израелски весници, 75 отсто од анкетираните изјавиле дека не ја одобруваат одлуката на Владата да го прифати договорот за примирје.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан