Властите во Либерија воведоа полициски час од 21 до 6 часот како дел од напорите за справување со ширење на вирусот на ебола во земјата.
Во Либерија, Сиера Леоне, Гвинеја и Нигерија од ебола досега животот го загубија 1.229 лица. Најголем број на жртви 466 има во Либерија.
Нигерија објави дека е регистриран петтиот смртен случај на заболен со вирусот на ебола во земјата.
Брегот на Слоновата Коска, која не е зафатена од епидемијата, објави дека ги прекинува сите меѓународни спортски настани во земјата, до следно соопштение.
Координаторот на напорите на ОН за справување со еболата Дејвид Набаро денеска ќе ја посети Западна Африка. Тој ќе престојува во Дакар и Сенегал, а потоа ќе ги посети земјите зафатени од вирусот на ебола. Според Набаро постои голема потреба од здравствени работници во четирите африканси држави зафатени со епидемијата на ебола.