„Либерасион“: Саркози е најголем лажго во 2014 година

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска е прогласен за „најголем лажго во 2014 година“, според анализата на весникот „Либерасион“.

Неблагодарната титула Саркози ја добил поради големиот број лаги кои ги кажал за време на кампањата за избор на лидер на својата партија Унија за народно движење.

Изговорените лаги, вкупно 17, се окриени во рубриката „Дезинтокс“ на весникот „Либерасион“, чија специјалност е проверка на политичките факти, т.н. факт-чекинг.

Жирито, кое ја доделува оваа „награда“, е составено од неколку новинари, чие име се поврзува за „скенирање“ на говори и изјави на политичари.

– Ова признание треба да ги наведе политичарите помалку да лажат и да ја поттикне јавноста колку може повеќе да ја проверува вистинитоста на она што го зборуваат политичарите, изјави основачот на наградата, новинарот Тома Геноле.

Никола Саркози не бил единствен кандидат за оваа награда. Меѓу политичарите, кои се наоѓале во трката за титулата, биле и претседателката на Националниот фронт, Марин Ле Пен, како и актуелниот француски премиер Мануел Валс.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата