Либанскиот претседател Мишел Слејман ја прифати денеска оставката на премиерот Ниџаб Микати и му наложи на кабинетот да продолжи со работа со составувањето нова влада.
Либанскиот премиер Наџиб Микати синоќа објави дека неговата Влада поднесува оставка, откако една од членките во владината коалиција, шиитската Божја партија (Хезболах), го блокираше формирањето на телото за контрола на парламентарните избори и се спротивстави на продолжувањето на мандатот на шефот на полицијата.
Хезболах, која е најголема партија во владината коалиција, се противи на продолжувањето на мандатот на началникот на либанската полиција, генерал-мајорот Ашраф Рифи, нагласувајќи дека го смета за свој непријател.
По денешната средба со Слејман, Микати изјави дека се надева дека повлекувањето ќе дозволи да се излезе од „слепата улица“ и да се создадат услови за шполитичко решавање на разликите.