Либански Хезболах соопшти дека убил над 20 борци на сириската ќелија на Ал Каеда

Од:

Либанската шиитска група Хезболах вчера соопшти дека убила над 20 борци на сириската ќелија на Ал Каеда, „Џебхат ан Нусра“ (Фронтот на победата) и разурнала неколку скривници и тренинг кампови, што џихадистите ги користеле за напади во Либан преку границата со Сирија, пренесоа британските медиуми.

Телевизијата на Хезболах, „Манар“, ја информира јавноста дека сириската армија и отпорот, како што се нарекува Хезболах, постигнале „значаен напредок“ во својот последен напад врз сириските бунтовници, кои се борат против режимот на претседателот Башар Асад.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, во вторникот вети дека неговите борци и нивните сириски сојузници ќе ги исчистат регионот од бунтовниците, кои тие ги користат за доставување на оружје.

Телевизијата, исто така, соопшти дека Хезболах, групата која е поддржана од Иран, и сириската армија зазеле голема територија во Асал ал Вард, стратегиски реон на сириската страна на планината Каламун, веднаш до границата со Либан, каде Хезболах има силно влијание и присуство.

Три големи тренинг кампови на „Џебхат ан Нусра“ биле уништени, а големи количества мини и експлозивни направи биле деактивирани, додаде телевизијата „Манар“.

Би можело да ве интересира

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Хамас ги надомести речиси сите загуби што му ги нанесе Израел, тврди Блинкен

Катерина Ѓуровски

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ