Либанската Влада поднесе оставка

Од:

Либанскиот премиер Наџиб Микати вечерва објави дека неговата Влада поднесува оставка, откако една од членките во владината коалиција, шиитската Божја партија (Хезболах), го блокираше формирањето на телото за контрола на парламентарните избори и се спротивстави на продолжувањето на мандатот на шефот на полицијата.

Хезболах, која е најголема партија во владината коалиција, се противи на продолжувањето на мандатот на началникот на либанската полиција, генерал-мајорот Ашраф Рифи, нагласувајќи дека го смета за свој непријател.

Засега е неизвесно дали либанскиот претседател Мишел Слејман ќе ја прифати оставката на Владата на Микати.

Би можело да ве интересира

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан