Либан запре шверц на четири тони хашиш во Египет

Од:

Либан спречи шверц на четири тони хашиш од градот Сидон кон египетското пристаниште Александрија, соопшти денеска либанското претседателство.

Либанските лидери повикаа на широка акција против дилерите на дрога откако Саудиска Арабија го прекина купувањето на либански земјоделски производи, во кои се шверцуваше дрога, што беше гасење на главниот пазар за либанските земјоделци.

– Либан има волја да се бори против секаков вид шверц и да спречи нарушување на угледот на земјата и односите со пријателските народи, истакна претседателството.

Саудиска Арабија неодамна забрани увоз на земјоделски производи од Либан, откако во пратки портокали откри 5,3 милиони таблети каптагон, што е еден вид амфетамин.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда