Либан: Во судир на армијата и вооружени мажи, шест мртви

Од:

Четири либански војници и двајца вооружени мажи загинаа денеска, кога дојде до судири на северот на земјата, во долината Бека, откако милитантите нападнаа единица на либанската армија, соопштија безбедносните извори.

Според истите извори, борбите продолжуваат во областа во близина на североисточниот град Арсал, област во близина на границата со Сирија, каде бунтовниците се борат за соборување на претседателот Башар ал-Асад, пренесува Ројтерс.

Жителите велат дека борбите избувнале откако армијата влегла во овој регион со цел да уапси осомничен член на тврдокорната анти-асадова исламистичка група Џабат ал-Нусра, за кого се верува дека често патува на релацијата Либан и Сирија.

Сириските бунтовници се сокрија и се регрупираа во градовите и селата на либанска страна од лошо обезбедената граница, за време на востанието кое започна како мирен протест, но се претвори во насилство по задушување на протестите.

Сириската армија ги префрли митралезите преку границата, па дури премина и во помали места за да се бори со бунтовниците. Сириските војници дури убиле и цивили кои бегале од насилството, потсетува британската агенција.

Граѓанската војна во Сирија го подели Либан. Некои сунитски муслимански групи повикуваат на поддршка на мнозинството сунитски востаници против асадовиот малцински режим, а другите фракции сметаат дека Либан не треба да се меша во кризата.

Бунтовничките борци во минатото, се судираа со либанската армија, која има историски врски со Дамаск, напоменува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска