Израелската армија соопшти дека во рок од неколку минути од Либан кон Израел биле истрелани околу 70 проектили.
Израелскиот противвоздушен систем пресретнал некои од нив, се вели во објавата на платформата X.
„Откако се огласија сирените меѓу 11.09 и 11.12 часот во областите Западна Галилеја и Горна Галилеја, идентификувани се приближно 70 проектили кои преминаа од Либан“, соопшти војската.