Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови

Од:

Поради неповолни временски услови, вклучувајќи обилни снежни врнежи, мраз и ниски температури, денес во Турција беа откажани бројни летови, додека наставата беше суспендирана во неколку провинции, соопштија властите.

Портпаролот на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Уштун, изјави дека за 31 декември се откажани 61 лет, главно кон источните и централните делови на земјата, нагласувајќи дека безбедноста на патниците е приоритет, објави Анадолу.

Поради лошите временски услови, наставата беше привремено суспендирана во бројни провинции и области низ Турција.

Повеќето гувернери одлучија да ја суспендираат наставата во сите јавни и приватни образовни институции, вклучувајќи ги градинките и центрите за рехабилитација, за еден или два дена, додека бремените жени, лицата со попреченост и хронични заболувања вработени во јавниот сектор беа испратени на административен одмор, објави „Хуриет“.

Турските власти ги повикаа граѓаните да бидат претпазливи поради мразот и снежните наноси и да избегнуваат патувања освен ако не е потребно.

Би можело да ве интересира

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Турција разби шпионска мрежа, уапсени шест лица

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он