Ленин Морено води во првиот круг од претседателските избори во Еквадор

Од:

Поранешниот потпретседател на Еквадор, Ленин Морено победи во првиот круг од претседателските избори во земјата, покажуваат првичните резултати објавени од Националниот изборен совет.

Кандидатот на владејачкиот левичарски блок „Алијанса ПАИС“ освои 38,26 отсто од гласовите, додека конзервативецот и поранешен банкар Гиљермо Ласо, лидер на десноцентристичкото „Движење Крео“, добил поддршката на 29,86 проценти од гласачите.

Единствената жена меѓу осуммината кандидати, Синтија Витери од десничарската Социјал христијанска партија, се наоѓа на третото место со освоени 15,4 отсто од гласовите.

Тоа се резултатите од преброени речиси 52 процента од гласачките ливчиња, што покажува дека на 2 април веројатно ќе се одржи втор круг од претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Еквадор: Свлечиште однесе најмалку шест животи, властите трагаат по 30 исчезнати

Горан Наумовски

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници