Ленин Морено победи на претседателските избори во Еквадор

Од:

Кандидатот на владејачкиот лев блок Алијанса Горда и суверена татковина (ПАИС), поранешниот еквадроски потпретседател Ленин Морено, победи во вториот круг од претседателските избори во Еквадор, покажуваат првите официјални резултати, објавени од Националниот изборен совет.

Морено, според преброените 95,2 отсто од гласачките ливчиња, добил поддршка од 51,07 проценти од гласовите на избирачите.

Неговиот ривал, претставник на умерената конзервативна партија Создавање можности (ЦРЕО) Гиљермо Ласо освои 48,93 отсто од гласовите.

Ласо изјави дека ќе ги оспори резултатите и ќе побара ново пребројување на гласовите.

Победата на Морено претставува олеснителна околност за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, откако Ласо вети дека ќе го протера од евкадорската амбасада во Лондон, доколку победи на изборите.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници