Ленарчиќ: На Украина и се заканува најголемата хуманитарна катастрофа во Европа

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека Европа, поради конфликтот во Украина, се соочува со најголемата хуманитарна криза во последно време и процени дека бројот на внатрешно раселените Украинци може да надмине седум милиони.

-Сведоци сме на тоа што може да стане најголемата хуманитарна криза на нашиот европски континент по многу, многу години. Потребите на теренот растат додека разговараме. Очекуваниот број на раселени Украинци би можел да биде повеќе од седум милиони, изјави Јанез Ленарчиќ, еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи во Брисел, по специјалниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ на кој се разговараше за украинската криза.

Повикувајќи се на проценките на ОН, Ленарчиќ кажа дека околу 18 милиони Украинци внатре и надвор од земјата ќе бидат хуманитарно загрозени поради конфликтот, од кои седум милиони внатрешно раселени лица и четири милиони кои ќе заминат во егзил.

-Иако ова се многу груби проценки, бројките се огромни и мораме да се подготвиме за оваа вонредна ситуација од историски размери, рече Ленарчиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина