Лекување на дијабетес со инсулин без игла?

Од:

Научниците на австралискиот Институт за медицински истражувања, по 20 години истражување утврдиле дека инсулинот на молекуларно ниво се врзува за рецепторите на клетките на пациентите, поттикнувајќи го издвојувањето на гликозата од крвотокот, за таа да се складира како извор на енергија.

Истражувачите истакнуваат дека со тоа се отвора пат за развој на нови, поефикасни од досегашните, лекови против дијабетес (шеќерна болест). Тоа би можело да биде инсулин кој не е потребно да се дава интрамускуларно или, пак, таквиот би имал понапредни својства или подолго дејство, па не би било неопходно да се зема толку често како досега.

Се проценува дека денес во светот има 347 милиони дијабетичари, а нивниот борј се зголемува особено во земјите во развој, поради зачестената дебелина и физичка неактивност.

Би можело да ве интересира

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски