Лекции од историјата кои Оланд не ги научил

Од:

Ал Џезира – Доха

Претседателот на Франција Франсоа Оланд вети дека ќе ги зголеми напорите за да се учи секуларизмот во училиштата, што претставува негов обид маргинализираното малцинство да се интегрира по смртоносните напади на весникот Шарли Ебдо и кошер продавницата минатиот месец, чии напаѓачи се француски државјани кои водат потекло од поранешните колонијални држави со мнозинско муслиманско население.

Но, некои политички аналитичари и лидери на муслиманските заедници, во предлогот на Оланд гледаат повторување на грешките кои прв ги критикуваше филозофот Франц Фанон во контекст на алжирската војна за независност. Фанон, кој води потекло од Мартиник, бил револуционерен теоретичар на психологија на расите и колонијализмот и водечки теоретичар на партијата Фронт на народното ослободување, која ја предводела борбата во Алжир за независност од Франција. Тој предупреди дека проблемот со насилствата не може да се разбере и да се реши ако колонијалната власт не се бави со историјата на насилствата и маргинализацијата на своите колонијални субјекти.

Експертите на филозофијата на Фанон не се единствени кои ги мачи тенденцијата на француската Влада, проблемот со насилствата кој се појави во маргинилизираните предградија во кои главно живеат луѓе кои водат потекло од поранешните француски колонии, да се прикаже само како културен проблем, како неуспех на тие деца, деца на муслимански имигранти, исправно да го прифатат францускиот идентитет. Тоа е логиката која стои зад спроведувањето на секуларизмот.

Администрацијата на поранешниот претседател Жак Ширак во 2004 година, забрани на студентките да носат хиџаб и други знаци на верски идентитет. Иако тој потег беше опишан како чување на францускиот секуларен идентитет кој сите граѓани треба да го прифатат, многу заедници на муслимански имигранти овој потег го видоа како чин на репресија против нивната вера.

Демократска партиципација

Оланд сега ветува дека ќе го зајакне секуларизмот, на пример со јакнење на институциите за француски јазик, со цел за поддршка на демократската партиципација. Неговиот говор е опишан како обид да се заживее духот на 11 јануари, ден кога повеќе милиони демонстранти излегоа на улиците на Париз во знак на единство по убиствата во редакцијата на весникот Шарли Ебдо и еврејската продавница. Администрацијата на Оланд не беа достапни за коментар, а францускиот министер за образование одби да ги открие деталите на предложените реформи во образованието.

Иако предложените измени на наставниот план и програма беа јасни, можеме да погодиме што мислел Оланд под секуларизам, вели Лорент Леви, адвокат кој пишува за француските општествени прашања. Леви вели дека француските лидери кои го предложија законот Laicite или закон за секуларизмот, кој бил водечки принцип на државата во 1905 година, под тој поим сметале раздвојување на црквата и државата. Меѓутоа, во последните 10 години настанал уште еден концепт на секуларизмот… не само државата, туку и луѓето мора да бидат неутрални кон верата – вели тој. – Според мене, тоа е прилично тоталитарно.

Некои аналитичари сугерираа дека луѓето кои ги извеле јануарските напади, иако наводно делувале во име на Ал Каеда на Арапскиот полуостров и групата Исламски држави Ирак и Левант, се оттуѓени од француското општество поради хроничниот неуспех на интегративната политика.

Светските медиуми истакнаа дека Шериф и Саид Куачи, браќата кои стојат зад нападот на Шарли Ебдо се од банилуе, предградие каде се изолирани заедниците кои водат потекло од поранешните колонии и кои се соочуваат со хронична невработеност и наводно груб однос на полицијата.

Точка на вриење

Според зборовите на Јусуф Бусумах, лидер на муслиманската заедница и активист за правата на малцинствата во Париз, состојбата во тие заедници достигнуваат точка на вриење, како што се случи за време на протестите во предградијата на големите француски градови по инцидентот на полициската бруталност во 2005 година. Бусумах вели дека, наместо да поттикнува на решавање на економските и социјалните проблеми кај незадоволните муслимани кои живеат во француските предградија, кои Фокс Њуз минатиот месец погрешно ги нарече зони во кои не смеат да влезат луѓе кои не се муслимани, говорот на Оланд промовира идеја дека тоа е културолошки проблем.

– Културолошкото прашање е само изговор – вели тој, додавајќи дека не верува дека верското убедување ги спречува младите луѓе од предградијата да се чувствуваат како дел од француската држава, или да го прифатат својот национален идентите. Владата одбива да се соочи со реалните проблеми од недостиг на интеграција. Наместо тоа, тие промовираат општо прифатена идеја дека ако сиромашните заедници имаат проблеми, недостигот на културната интеграција е причина за тие проблеми – рече Бусумах.

Заменик директорот на Институтот за меѓународни и стратешки односи во Париз Жан-Пјер Молни вели дека иако промовирањето на секуларизмот е подобро од не дебатирање за интегративната политика, тоа претставува само краткорочно решение на долгорочен проблем од маргинализација и зголемени безбедносни закани. – Сиромаштијата се зголемува, а можностите за вработување се никакви. Тоа е основната причина за неинтеграцијата во Франција. Втор проблем е што тие луѓе се изолирани на исто место – вели Молни.

Премиерот на Франција Мануел Валс предизвика реакции кога кон крајот на минатиот месец по нападите, ја опиша изолацијата за обоените заедници како апартхејд и повика на борба против де факто сегрегацијата на француските муслимани.

Учење на историјата

Ако Оланд верува дека на француските муслимани им треба образование за секуларизмот, тогаш тој треба да ја учи историјата – вели Бусумах. – Господин Оланд ништо не научил од француската историја, историјата на колонијализмот.

Бусумах верува дека делото на Фанон Wretched of the Earth, за употребата на насилството над колонизираните народи, нуди важен увид во проблемот. Фанон го објасни махинејскиот принцип со чија помош колонијалните сили ги оттуѓуваат тие кои се колонизирани, негирајќи го сопственото насилство и злоставување. – Манихејскиот принцип зборува дека сите проблеми доаѓаат од една страна. Постои добра и лоша страна. Во овој случај, лошата страна е банлеј. Другата добрата страна е Француската, белата страна – вели Бусумах.

Некои експерти го видоа познатиот принцип по јануарските напади во кои француско-алжирските напаѓачи ги оценија како варвари, додека весникот Чарли Ебдо е земен како симбол на демократски, универзални вредности на слободата под опсада на луѓе кои едноставно не ја разбираат. Франција на некој начин и понатаму потсетува на тој ист колонијален контекст кој го опиша Фанон, вели Сара Салем, истакната холандско-египетска експертка за колонијализмот во Европа, која со своите истражувања се фокусираше на Фанон.

Нападите на Чарли Ебдо не се случија во вакуум, туку во земја која има колонијално минато и неоколонијална сегашност – вели Сара Салем. – И тоа јасно се гледа од последиците – начинот н акој различни актери го искористија нападот и го претставија како прашање на слобода на говорот, како и нападите на муслиманите и денешната заложничка состојба.

Немаат што да изгубат…

Ричард Гибсон, професор на колеџот Емерсон, кој многумина го сметаат за врвен експерт за филозофијата на Фанон, се согласува. – Ние автоматски реагираме на слободата на говорот и граѓанското општество… Секако дека сакаме такво општество. Но, постои идеја дека сите во тоа општество се еднакви. Искуството на младите луѓе од Северна Африка во париските предградија, нередите кои таму се случија во 2005 година, покажаа дека тие не се дел од граѓанското општество – рече Гибсон.

Таков контекст може да доведе до насилства, предупредуваат Гибсон и Салем, цитирајќи го Фанон, кој насилството го видел како избор на маргинализирани луѓе, кои немаат што да изгубат, а се да добијат.

Кризите предизвикани со насилни реакции на колонијализмот, како во Алжир, често ги уверуваа европските сили да им дадат независност. Аналитичарите како Гибсон и Салем гледаат сличност во денешните урбани, социјално и економски маргинализирани млади луѓе од гетата, деца на колонијализирани селани чие посегнување за насилство Фанон го проучувал.

И Бусумах предупредува дека сегашната атмосфера во тие квартови опасно се приближува на таа пред демонстрациите во 2005 година, кои ја создадоа последната голема општествена криза, поради која властите немаат друг избор, туку да обрнат внимание.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата