Лекарскиот конзилиум на Милош Земан ќе се состанува почесто од тимот на Вацлав Хавел

Од:

За здравјето на чешкиот претседател Милош Земан ќе се грижи дванаесетчлен лекарски конзилиум, кој ќе биде предводен од министерот за здравство Мартин Холцат, јави дописникот на МИА од Прага.

Формирање на лекарски тим кој се грижи за здравјето на првиот човек на државата е чешка пракса. Tакви конзилиуми беа формирани и за претходните претседатели Вацлав Клаус и Вацлав Хавел.

Разликата, за која веќе пишуваат медиумите, е во тоа што тимовите на поранешните претседатели се среќаваа доколку се јавеа некакви проблем кај нив, додека лекарскиот тим на Милош Земан, кој на функцијата стапи на почетокот на годината ќе има редовни, однапред планирани состаноци. Работата во конзилиумот е почесна и без надомест.

Првиот претседател на самостојна Чешка, Вацлав Хавел имаше кревко здравје и проблеми со белите дробови откако дел му беше отстранет поради канцер.

Здравјето на Земан честопати е тема на медиумите откако стапи на функцијата. Тој, повеќепати пати беше „уловен“ од камерите како се сопнува и како има несигурно одење, а од неговиот Кабинет беше објаснувано дека причина за тоа е болест на нервот на палецот на ногата или пак вироза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски