Лејди Гага го нападна Трамп: „Ти си расистичка будала“

Од:

Американската пејачка Лејди Гага преку социјалните мрежи го нападна претседателот на САД Доналд Трамп.

„Имам многу што да кажам за ова, но прво што сакам да кажам е дека се плашам дека ќе пробудам бес, иако тие емоции се оправдани“, вака пејачката ја започна својата објава во која го нарече Трамп „расистичка будала“.

Лејди Гага во долгата изјава се осврна на смртта на Џорџ Флојд и на протестите кои следеа.

Пејачката повика на промена на системот во кој претседателот „поттикнува расистички активности“.

„Бесна сум поради смртта на Џорџ Флојд како и поради губењето на животите на афроамериканците во текот на стотици години во оваа земја како резултат на расизмот и корумпираниот систем кој го одржуваат“, изјави Гага.

„Одамна знаеме дека претседателот Трамп потфрли. Тој има најмоќна функција на светот, но не нуди ништо освен незнаење и предрасуди додека и понатаму се губат афроамериканските животи“, критикува пејачката.

„Знаевме дека е будала и расист откако ја презеде функцијата. Тој го разгорува системот кој е веќе вкоренет во расизмот и расистичките активности и сите можеме да видиме што се случува“, заклучува Гага.

Лејди Гага која е повеќекратна добитничка на наградата „Греми“ го завршува својот исказ со повик на промени и рушење на расистичкиот систем.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ