Лебланк: Трамп и Карни постигнаа напредок во преговорите, договорите не се блиску

Од:

Канадскиот министер за трговија Доминик Лебланк денес изјави дека е постигнат напредок во разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и канадскиот премиер Марк Карни во Белата куќа. Во преговорите за американските тарифи за канадските производи и трговските односи, тој нагласи дека договорите не се блиску.

„Среќен сум и задоволен бидејќи мислам дека имаме моментум што го немавме кога се разбудивме утрово, но сè уште не сме завршиле“, изјави Лебланк пред новинарите.

Тој, исто така, рече дека Трамп и Карни би можеле повторно да се сретнат уште вечерва.

Лебланк го опиша разговорот меѓу двајцата државници како „успешен, позитивен и суштински“ и додаде дека тие „ги истражиле прашањата подлабоко отколку порано“, објави Ројтерс.

Тој изрази надеж дека наскоро ќе се постигнат договори за челик, алуминиум и енергија.

Зборувајќи со новинарите во Овалната соба на почетокот од разговорот, Трамп вети дека ќе се однесува праведно кон Канада во преговорите за американските царини за канадските производи.

„Мислам дека ќе си заминат многу среќни“, рече Трамп. Сепак, тој беше помалку оптимист во врска со континенталниот трговски договор што го вклучува и Мексико.

Карни, кој ја посети Белата куќа по втор пат за пет месеци, овој пат на барање на Трамп, се соочува со притисок од домашната јавност да го убеди Трамп да ги елиминира или намали царините од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум, објави Танјуг.

Како и дополнителни царини за некои автомобили, дрвена граѓа и бакар, додека канадските одмазднички царини од 25 проценти за американскиот челик и алуминиум остануваат на сила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема бура во САД, се затвараат училишта и магистрали, се откажуваат летови

Горан Наумовски

Техеран е подготвен да направи отстапки во замена за укинување на санкциите од САД

Кина ги престигна САД

ВИДЕО: Пукање на имотот на Трамп: Убиен 20 годишен маж

Предраг Петровиќ

Иран: Непријателските бази во регионот се легитимни цели во случај на агресија

Аракчи: САД не побараа, а Иран не понуди суспензија на збогатувањето ураниум