Ле Пен: Санкциите од ЕУ не успеаја да влијаат на Русија, тие го казнуваат францускиот народ

Од:

Санкциите од Европската Унија не успеаја да влијаат на Русија, но, затоа го казнуваат францускиот народ, изјави денеска за БФМ ТВ шефицата на парламентарната група на Националното собрание во Долниот дом на францускиот Парламент, Марин Ле Пен.

– Санкциите не делуваат, дури, тие се контрапродуктивни. Реалноста е дека санкциите доведоа до зголемување на приходите на Русија од извозот на нафта за 40 милијарди евра, посочи Ле Пен, пренесе агенцијата Тасс.

Таа истакна дека санкциите на ЕУ, всушност го казнуваат францукиот народ, кој годинава го чека, како што се тврди, тешка зима.

Како што додаде таа, „одговорноста е на оние кои ги донесоа тие одлуки“.

Русија на 24 февруари изврши инвазија во Украина, а како одговор на тоа, западните земји воведоа санкции против земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Партијата на Ле Пен освои три милиони гласови повеќе од победниците на изборите

Марин Ле Пен: Tаборот на претседателот Емануел Макрон е речиси целосно уништен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

Макрон: Подготвен сум за дебата со лидерката на екстремната десница

Предраг Петровиќ

Жан-Мари Ле Пен е хоспитализиран, тој е во тешка состојба