Ле Пен: Мнозинството Французи не ја сакаат ЕУ таква каква што е денес

Од:

Мнозинството Французи повеќе не ја сакаат Европската унија каква што е денес, изјави денеска Марин Ле Пен, лидерката на француската десница која во вториот круг од изборите на 24 април ќе се бори за претседателската функција против актуелниот шеф на државата Емануел Макрон.

„Огромно мнозинство од Французите повеќе не ја сакаат ЕУ каква што е денес. Европа – Јас не ја оспорувам, дека постои соработка – секако. Но, не може тоа да се прави против волјата на народот“, рече Ле Пен во интервју за француското радио „Франс Ентер“.

Таа рече и дека не постои „тајна агенда“ за излегување на Франција од Унијата во случај да победи на изборите.

Во првиот круг од изборите Ле Пен освои 23,15 отсто од гласовите, наспроти Макрон кој доби 27,84 настотна поддршка од гласачите.

Според анкетата спроведена од Институтот „Ипсос Сопра-Стерија“ по нарачка од француските медиуми, се предвидува дека во вториот круг 54 отсто од граѓаните ќе гласаат за актуелниот претседател Макрон додека 46 отсто од граѓаните ќе гласаат за Ле Пен.

Кандидатката на десничарската партија Национален собир рече дека „нема доверба“ во Макрон и дека тој „ќе оди докрај во опседнатоста“ за воведување нова старосна граница за пензионирање на 65 години.

Макрон вчера рече дека е отворен за можни промени по предлогот, што од страна на Ле Пен беше оценето како негов „маневар да го намали противењето на левичарските гласачи“ пред вториот круг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано