Ле Пен: Грција треба да преговара со ЕУ за контролиран излез од еврозоната

Од:

Лидерот на францускиот Национален фронт Марин Ле Пен изјави дека Грција треба да преговара со ЕУ за координиран излез од еврозоната и дека гледа ризик од непопуларност за владата на Сириза, ако се потчини на политиката на штедење.

Ле Пен го поддржа во јануари доаѓањето на власт на Сириза во Грција, бидејќи според неа се што придонесува за отворање на дебати за економиите и ЕУ е позитивно.

Лидерот на францускиот Народен фронт во интервју за грчката телевизија Мега, синоќа предупреди дека единствена иднина за Грција е излез од еврозоната.

– Грците треба да ја вратат својата национална валута, истакна таа.

Ле Пен предупреди дека ако владата на Ципрас се потчини на мерките за штедење од ЕУ, ќе доживее пад на популарноста.

Според Ле Пен, ЕУ е смрт за француската економија, смрт за националниот социјален систем, смрт за идентитетот, како и дека ЕУ не може да биде подобрена, не повеќе од тоа што можел да биде подобрен Советскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата