Ле Пен: Франција е слаба пред тероризмот поради членството во ЕУ

Од:

Франција е „ослабена“ во соочувањето со терористичките закани поради своето членство во Европска Унија, особено зашто не може сама да ги контролира своите граници, изјави претседателката на Национален фронт, Марин ле Пен.

Соочувајќи се со „исламскиот фундаментализам“, ЕУ нè ослабнува, наметнувајќи ни отворени граници и политика на штедење поради кои во Франција на удар се капацитетите на војската, полицијата и на разузнавањето, обвини европарламентарката Ле Пен, на прес-конференција во Брисел.

– Да имавме национални граници, веројатно би можеле да ги запреме тие што дојдоа на француска територија откако се бореле со Сирија или биле на тренинзи во Јемен, што е случај со најмалку еден од фундаменталистиките терорсти убиени во последните денови – додаде Ле Пен.

Мета

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано