Ле Пен: Да се спречи ширењето на „Советската Европска унија”

Од:

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен повика вчера на усвојување на “нов договор” за имиграцијата и го критикуваше, како што рече, ширењето на „Советска Европска унија.”

Во огнениот говор на Универзитетот во Кембриџ, пред кој се собраа околу 100 демонстранти, противници на лидерката на Националниот фронт, Марин Ле Пен зборуваше за теми кои ги смета за клучни политички прашања во Франција, Европа и светот.

„Јас силно се залагав Европа да ја укине имиграцијата и Шенгенскиот договор и да се подготви за враќање на националните валути”, рече Ле Пен, истакнувајќи ја потребата да се воспостави “силна држава” во Франција, која, како што верува, е ослабена од европската унија.

Нејзиниот говор после кој следеа бројни прашања на студентите, беше пропратен со протест, на кој демонстрантите носеа, меѓу другото, натписи: „Ф како фашизам, Н како нацизам – Национален фронт”

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз