Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска пристигна во Багдад каде со ирачките функционери ќе разговара за обновата и стабилизацијата на земјата по воената победа над групата Исламска држава (ИД).
– Дојдов за да ја покажам поддршката на Франција, изјави Ле Дриан при пристигнувањето и вети дека неговата земја ќе биде секогаш подготвена да помогне, како со учеството во меѓународната коалиција, така и за време на обновата на земјата.